Штип

Екологија во училниците за поздрава иднина

13.06.2026 11:57

УГД со поддршка на француската амбасада и француска компанија која во штипскиот регион инвестира во обновливи извори на енергија, идните наставници ги едуцира како екологијата да биде дел од безмалку сите наставни предмети.

Климатските промени, загадувањето и управувањето со отпадот наметнуваат потреба од поголема застапеност на екологијата во формалното образование. Во основните и средните училишта екологијата кај нас се изучува парцијално во неколку предмети, но недостига системски пристап.

УГД со поддршка на француската амбасада и француска компанија која во штипскиот регион инвестира во обновливи извори на енергија, идните наставници ги едуцира како екологијата да биде дел од безмалку сите наставни предмети.

Идејата е наставните модули за актуелни еколошки теми да се применуваат во сите училишта во државата.

Климатските промени, циркуларната економија и одговорното користење на ресурсите во најголем дел од европските држави се учи уште од најрана возраст. Учениците активно учествуваат во селекција на отпадот, заштеда на енергија и еколошки проекти во локалните заедници.

 

Славица Величковска