Температурните осцилации штетни за граѓаните
Температурните осцилации штетни за граѓаните. Чувствителноста на временските промени најмногу ги погодува хронично болните, велат лекарите. Викендов сончево, но повторно не очекува недела со променливо време, дожд и грмежи – најавуваат метеоролозите...

Замор, мигрена, мачнина, вртоглавица, болки во коски и зглобови, покачен крвен притисок. Температурните осцилации штетни за граѓаните. Брзите промени на временските услови негативно влијаат и на расположението и на здравјето.
Чувствителноста на временските промени најмногу ги погодува метеопатите, лицата што имаат хронични белодробни опструкции и астма.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека за време на викендов и во понеделник времето ќе биде сончево со локална облачност. Но повторно не очекува недела со променливо време, дожд и грмежи.
Александра Спировска
