транспорт

Ќе се гради автопатот Скопје-Блаце

13.06.2026 18:13

Конзорциум предводен од домашна градежна компанија ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри. Изградбата почнува летово, најави министерот Николоски...

Конзорциум предводен од домашна градежна компанија ќе го трасира автопатот Скопје – Блаце. Делницата ќе почне да се гради летово, а според проекциите, изградбата ќе финишира за три и пол години. Министерот за транспорт Николоски вели оти станува збор за комплексно инженерско решение, бидејќи патот до северната граница ќе минува низ пет тунели, 12 мостови, две галерии или вкупно околу 40 објекти.

Придобивките од проектот се исклучително значајни, оценува Николовски бидејќи на овој потег секојдневно транзитираат многу патници. Новиот автопат ќе ја поврзе земјава со Косово и со Црна Гора, вели министерот, а тоа е важно за домашниот бизнис, бидејќи се отвора пат до пристаништето во Бар.

Анита Димитријевска – Велковска