Ѓурчевски: Договор со кој нема да има поразен
Евентуалниот договор меѓу Вашингтон и Техеран нема да значи решавање на ситуацијата веднаш. Овој став, поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски го поткрепува со фактот дека сè уште меѓу двете страни има спорни прашања...

Најавите за можен договор меѓу Вашингтон и Техеран ја отвораат дилемата дали состојбата на Блискиот Исток конечно се движи кон смирување. Но, според експертите евентуалниот договор нема веднаш да ги реши наталожените проблеми меѓу двете земји. И покрај дипломатските напори меѓу САД и Иран остануваат повеќе спорни прашања, пред сè поврзани со иранската нуклеарна програма и безбедносната состојба во регионот. Аналитичарите оценуваат дека процесот ќе биде долг и неизвесен а конечниот исход ќе зависи од подготвеноста на двете страни за отстапки.
Според Ѓурчевски ова е иницијатива каде што најголем дел од прашањата се усогласени и ќе нè доведе во ситуација во догледно време да има целосна безбедносна состојба на Блискиот Исток, но едно од спорните прашања коешто ќе треба да го решат САД е однесувањето на Израел спрема Либан, Либан-Сирија.
Ѓурчевски додава и дека Тел Авив и Хезболах не се во состојба да имаат поголемо влијание од она што им е дадено а и досега тоа е контролирано.
Ана Јосифоска
