Сертифицираното семе- услов за субвенции

23.09.2014 10:34

Употребата на сертифицирано семе на македонските ниви ќе биде услов за субвенции. Неговата употреба е приоритет за добивање на поголеми приноси и стабилно производство...

Една од причините  за добивање помали приноси во земјоделството е и слабото користење на сертифициран семенски материјал. Според фармерите поради навиката, недоволните домашни количества и високите цени не се решаваат за масовна употреба на квалитетни семиња.

Неколку компании се очекува да бидат лиценцирани за вакво производство, а потоа се планира и субвенциите да бидат условени со користење семиња за квалитетен род, поголеми приноси, конкурентност на пазарите и намалување  на увезната пченица и брашно.

Во петгодишна програма за развој на земјоделството се предвидени и  дополнителни 3.000 денари за употреба на сертифицирано семе.

 

Методија Трајков