Неизвесно дали денеска САД и Иран ќе потпишат договор за крај на конфликтот
И натаму неизвесно дали денеска САД и Иран ќе потпишат договор за крај на конфликтот. Ваква најава доаѓа од посредникот Пакистан дека Вашингтон и Техеран ќе имаат виртуелен состанок, а потоа и електронски ќе парафираат договор, со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена, повторно ќе се отвори Ормутскиот теснец и ќе почнат нови преговори за нуклеарната програма на Иран...

И натаму неизвесно дали денеска САД и Иран ќе потпишат договор за крај на конфликтот. Ваква најава доаѓа од посредникот Пакистан дека Вашингтон и Техеран ќе имаат виртуелен состанок, а потоа и електронски ќе парафираат договор, со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена, повторно ќе се отвори Ормутскиот теснец и ќе почнат нови преговори за нуклеарната програма на Иран.
Корпусот на исламската револуционерна гарда пак објави дека договорот меѓу Иран и САД нема да биде потпишан денеска, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, со оценка дека неговото инсистирање на тој рок е притисок врз иранскиот преговарачки тим. Британскиот премиер Кир Стармер по разговорот со Доналд Трамп ја потврди поддршката на Велика Британија за мировните напори околу Иран, додека Самитот на Г-7 се очекува да биде клучен за идните договори.
Израел ги обнови нападите врз јужен Либан. Кај „Хезболах“ расте нервозата поради можниот договор меѓу САД и Иран.
