Унгарија

Орбан повторно избран за лидер на партијата Фидес

14.06.2026 10:50

Орбан доби убедлива поддршка од делегатите на партискиот конгрес и порача дека нема намера да се повлече од политиката...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан е повторно избран за лидер на партијата Фидес, и покрај изборниот пораз на партијата во април. Орбан доби убедлива поддршка од делегатите на партискиот конгрес и порача дека нема намера да се повлече од политиката. Тој призна одговорност за поразот, но најави дека ќе работи на враќање на власта. Орбан беше еден од најгласните критичари на Украина во ЕУ, додека новата унгарска влада предводена од Маѓар најавува поблиска соработка со Киев и европските партнери.

„Мора да спречиме погрешни владини одлуки, да организираме отпор кон погрешните владини одлуки, погрешните ставови и насилната злоупотреба на моќта. Мора да обезбедиме дом, интелектуално-политички дом или заедница, за оние кои веруваат во вредности не само во либералната, туку и во националната политика“, изјави Виктор Орбан, поранешен премиер на Унгарија.