СДСМ обвинува за алармантна состојба во земјоделството
Земјоделците со соочуваат со зголемени трошоци, намалени субвенции, лидерот на СДСМ обвинува за алармантна состојба во земјоделството. Шират лаги и невистини, секторот бележи позитивни резултати-реагира ВМРО -ДПМНЕ...

Состојбата во земјоделството е алармантна, земјоделците се соочуваат со проблеми. Лидерот на СДСМ Филипче обвини за колапс во системот каков што во државата немало во изминатите 30 и повеќе години. Посочува дека трошоците за производство се огромни, субвенциите се намалени и доцнат, а откупните цени се намалени или воопшто нема откуп. Вкупната сума на субвенции е намалена за 40 милиони евра. Но, освен што е намалена, субвенциите не се исплаќаат, доцнат. И тоа важи за секој сектор во земјоделството – за производство на тутун, за сточарите, млекопроизводителите, производителите на ориз“, рече Филипче.
Од владејачката партија велат дека напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика.
„За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година. Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година. Наспроти деструкцијата и хаосот што владееле во минатото, денеска имаме и зголемување на субвенциите во делот на сточарството. Финансиската поддршка за предадено млеко се зголеми“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон создавање на модерно и конкурентно земјоделство стои меѓу другото во реакцијата.
Ана Јосифоска
