партии

Али Ахмети најави повлекување од лидерската функција во ДУИ

14.06.2026 16:30

Во говорот на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети истакна дека сака да им се придружи на редовите на ветераните

Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, по 24 години на чело на партијата, најави дека ќе се повлече од лидерската функција. Во говорот на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети истакна дека сака да им се придружи на редовите на ветераните. Не прецизираше кога точно ќе поднесе оставка, но нагласи дека нема намера засекогаш да остане претседател на партијата.

Ахмети беше реизбран за претседател на ДУИ во декември лани. Тој е единствениот претседател што партијата го имала досега, и е партиски лидер со најдолг континуиран мандат во Македонија.