Сообраќајка
26-годишна девојка од струшко Ливада загина во сообраќајна несреќа во Албанија
14.06.2026 19:31
Таа била сопатник во возило со македонски таблички кое се судрило со возило со албански таблички...

26-годишна девојка од струшкото село Ливада загина во сообраќајна несреќа на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија. Таа била сопатник во возило со македонски таблички кое се судрило со возило со албански таблички. Според информациите објавени во дел од медиумите, повредени се и возачите на двете возила, како и уште двајца патници кои се наоѓале во возилата. Сите повредени се пренесени во болница, а според албанските медиуми нивната состојба е стабилна и се надвор од животна опасност.
На местото на несреќата е извршен увид и се работи на утврдување на причините.
