Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
15.06.2026 08:13
Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.
