Собрание

Собранието ќе избира член на Судскиот совет

15.06.2026 09:38

Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки. Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието...

Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки. Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на пленумот му предлага изборот да биде извршен помеѓу Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чајле, Гостивар.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог на закон за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка, и за Предлог на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието.