Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска
Министерот за надворешни Муцунски од денеска до четврток ќе биде во посета на Германија, Обединетото Кралство и на Ирска...

Министерот за надворешни Муцунски од денеска до четврток ќе биде во посета на Германија, Обединетото Кралство и на Ирска.
Посетата на Ирска се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на Европската унија кое почнува на 1-ви јули. Во Даблин, Муцунски ќе се сретне со министерката за надворешни работи и одбрана на ирска, Хелен Мекенти.
Во ирскиот парламент, муцунски ќе оствари средби со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската унија на двата дома на парламентот, а ќе се обрати и во Институтот за меѓународни и европски работи. Во фокусот на разговорите ќе бидат економските можности, билатералните односи и европската интеграција.
Денеска Муцунски е во Германија, ќе престојува во Дизелдорф на покана на министерот Лимински. Двајцата министри ќе потпишат нова заедничка декларација за намери за соработка за периодот 2026 – 2030 година.
Утре, шефот на македонската дипломатија патува во Лондон, каде што ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од централна и источна Европа.
