Македонија
Од денеска нов режим на наплата на патарините
15.06.2026 12:44
Денеска стартуваат новите правила за плаќање на македонските патарини. Лентите за М-Таг ќе бидат наменети исклучиво за плаќање со електронски тагови...

Oд денеска стартуваат новите правила за плаќање на македонските патарини. Лентите за М-Таг ќе бидат наменети исклучиво за плаќање со електронски тагови, а не како досега.
Возачите кои користат М-Кард ќе ја реализираат наплатата на преостанатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.
Од Јавното претпријатие за државни патишта апелираат до возачите да ги следат информативните електронски табли поставени на патарините за да не дојде до застои во сообраќајот.
