Новиот договор меѓу Вашингтон и Техеран и војната во Украина во фокусот на самитот на Г7
Новиот договор меѓу Вашингтон и Техеран и неговото влијание врз стабилноста на Блискиот Исток се во фокусот на Самитот на Г7 во францускиот град Евиан, каде ќе се разговара и за војната во Украина, глобалните економски предизвици и вештачката интелигенција.

Самитот се одржува во момент кога ЕУ ги отвора пристапните преговори со Украина, која останува една од клучните теми по ноќните руски напади врз Киев и Харков. Има жртви и повредени, а оштетена е и Киевско-печерската лавра, под заштита на УНЕСКО. Во меѓувреме, Зеленски и Путин одделно, телефонски разговараа со американскиот претседател Трамп за можни дипломатски решенија.
Зеленски порача дека разговорите ќе продолжат на Г7, додека од Кремљ велат дека Трамп ја нагласил потребата од прекин на непријателствата.
„Имавме многу добар и детален разговор со американскиот претседател Трамп за војната, дипломатските можности и поддршката за Украина. Се договоривме да продолжиме со разговорите на претстојниот самит на Г7“,
„Трамп ја нагласи потребата од прекин на непријателствата во Украина и изрази подготвеност да влијае врз европските партнери и Киев во таа насока. Неодамнешните напади врз цивилни цели ја отежнуваат ситуацијата“, изјави Јуриј Ушаков, советник за надворешни работи на Кремљ