„Ало докторе“: Се зголемува бројот на повици на бесплатната линија за медицински совети

23.09.2014 10:58

Само во текот на изминативе два дена, имало 251 повик. Инаку, за овие седум дена, откако почна да функционира линија, се регистрирани над илјада и 200 повици...

Поради изразените температурни турбуленции, се зголемува бројот на повици до бесплатната линија 15 123 „Ало докторе“, соопштуваат од Здравствениот дом- Скопје.

Само во текот на изминативе два дена, имало 251 повик. Инаку, за овие седум дена, откако почна да функционира линија, се регистрирани над илјада и 200 повици.

Најголем број од јавувањата се поради покачена телесна температура, респиратони и кардиоваскуларни симптоми, поврзани со времето.

Еминентни лекари дежураат медицинскиот кол центар на бесплатната линија 15 123.