Србија
Голем пожар во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград
15.06.2026 12:22
Голем пожар во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград. Нема повредени граѓани, само двајца пожарникари кои се со лесни телесни повреди...

70 продавници во трговскиот центар Енјуб во блок 45 на Нов Белград утринава беа погодени од пожар, кој успешно го гасеа 45 пожарникари, со 14 возила. Нема повредени граѓани, само двајца пожарникари кои се со лесни телесни повреди.
„Пожарот сè уште не е локализиран, но е ставен под контрола. Само една осмина од просториите е зафатена од пожарот од вкупно 400 продавници, или меѓу 60 и 70 објекти беа опожарени“, изјави Драган Мирковиќ, командант на Противпожарната бригада.
Причината за пожарот е сè уште непозната, а започната е и истрага.
Оливер Бранковиќ
