Средба Самарас- Меркел: Нема најави дека Македонија ќе биде на агендата
Портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт се обиде да ги намали очекувањата...

Грчкиот премиер Андонис Самарас, денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, а разговорите се очекува да се фокусираат на шансите на Грција за излез од меморандумот и за отпишување на долгот.
Портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт се обиде да ги намали очекувањата, истакнувајќи дека разговорите за Грција и нејзината економска програма „не се билатерални преговори меѓу Германија и Грција, туку меѓу Грција и нејзините Европски партнери“.
По многу, многу тежок период, постојат знаци на надеж, особено во областа на економскиот раст, рече тој.
Засега, нема никакви најави дека Македонија би се нашла на агендата на средбата, иако, во последно време е се поочигледна, ангажираноста на Германија за земјите од Западен балкан.
