Енергетика

Мицкоски очекува поевтинување на горивата следната недела

15.06.2026 13:49

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела се очекува позначително намалување на цените на горивата, откако по договорот меѓу САД и Иран започна пад на цените на нафтата на светските берзи.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната недела да дојде до поизразено намалување на цените на горивата во земјава, како резултат на падот на цените на нафтата на светските пазари.

Тој изјави дека според актуелните пресметки дизелот ќе остане речиси на исто ниво, додека бензините би можеле да поскапат за 1,5 до 2 денари по литар, бидејќи одлуката на Регулаторната комисија се базира на цените од минатата седмица.

Мицкоски оцени дека смирувањето на состојбите на Блискиот Исток и договорот меѓу САД и Иран позитивно ќе влијаат врз енергетските пазари и ќе придонесат за намалување на ценовните притисоци.

Тој додаде дека Македонија и понатаму има едни од најниските цени на горивата во регионот и нагласи дека во изминатиот период државата обезбедила стабилно снабдување без рестрикции.