Македонија

Промовирана онлајн алатка за човекови права за административни службеници

15.06.2026 17:20

Промовирана онлајн алатка за човекови права за административни службеници. Презентирана и состојбата со степенот на спроведување на препораките на националните и меѓународните механизмите за заштита човековите права и потребата од проширување на програмата за обука на административците...

Демократијата во една држава не се мери по законите туку по нивното спроведување. Во рамки на европските реформи, јавната администрација ќе се обучува со онлајн курс за почитување на човековите права, најави ресорниот министер Минчев.

Онлајн курсот за човекови права за административците треба да придонесе за подобар капацитет на институциите за спроведување на пристапот заснован на човековите права.

Почитувањето на човековите права во институциите е дел од реформите опфатени со првиот кластер поглавја.

 

Ирина Гелевска