Мелничарите бараат намалување на давачките за увоз на пченица

23.09.2014 11:23

Тие бараат увозот на пченица од Србија да оди што побрзо, бидејќи пченицата се користи како подобрувач на брашното...

Мелничарите бараат од Владата да се намалат давачките за увоз на пченица. Тоа значи да нема двојни контроли и анализи при увоз на странска пченица, како и да се изедначат цените за бандеролите за брашно.

Тие бараат увозот на пченица од Србија да оди што побрзо, бидејќи пченицата се користи како подобрувач на брашното.

Од Министерството за земјоделство потврдија дека министерот Михаил Цветков имал средба со мелничарите, при што дополнуваат дека ќе им се одговори во најкус можен рок.

Мелничарите барањата ги објаснуваат, со тоа што годинава домашното лебно зрно немаше квалитет за добро брашно.