Нова инвестиција во ТИРЗ Жабени
Нова германска инвестиција во срцето на Пелагонија. Денес стартуваше со работа германската фабрика за производство на адреналински спортови на вода. Брендот „Брејнчајлд“ има регистрирано две компании, едната за развој на нова висококвалитетна и издржлива опрема, а од денес и официјално стартување фабриката за сериско производство на развиените производи, која моментално има 226 вработени.

Во индустриската зона Жабени во Битола денес официјално стартува новиот производствен капацитет на германската компанија „Брејнчајд“. Фабрика која отвора нови работни места, потпирајќи се на современи технологии и производство по европски стандарди. Од Битола кон светските пазари ќе се создава опрема за адреналински спортови на вода и ветар, со акцент на иновации и одржливо производство. Во моментов располага со 226 вработени.
Новата германска инвестиција во Жабени не е само нов производствен објект-таа е потврда дека Пелагонија има потенцијал за индустриски развој. Секое ново работно место, секоја нова технологија и секој извозен производ значат чекор кон посилна локална економија. Заложните за економски напредок на Битола стануваат реалност истакна градоначалникот Коњановски.
„Брејнчајлд“ е основана во 2020, а брендот во Битола има регистрирано две компании-за производство и продукција. Резултатот е видлив уште сега. Само во 2024 се развиени 243 прототипови на нови производи, за кои следуваат фази на тестирање од професионални спортисти. Во втората фаза предвидено е проширување на капацитетите.
Александра Максимовска
