Владата го осуди опожарувањето на дипломатски возила кај бугарската амбасада
Владата најостро го осуди опожарувањето на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија во Скопје, оценувајќи го настанот како напад врз безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право.

Владата соопшти дека најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Бугарија во Скопје.
Според владината реакција, ваквите постапки се недозволиви и претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право, поради што не смеат да имаат место во демократско општество.
Од Владата информираат дека надлежните институции веќе преземаат интензивни активности за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.
„Секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран“, се наведува во соопштението.
Владата изразува очекување за брза и ефикасна истрага, целосно расветлување на настанот и соодветна кривична одговорност за сторителите, нагласувајќи дека останува посветена на заштитата на дипломатските мисии, безбедноста и добрососедските односи.
