Собрание

Поделени ставови за Законот за соодветна застапеност на заедниците

15.06.2026 17:10

Предлог-законот за соодветна застапеност на заедниците предизвика поделени реакции кај експертската јавност. Дел од експертите сметаат дека решението обезбедува еднаков пристап при вработување и професионална администрација, додека други предупредуваат на сериозни содржински недостатоци и отстапување од принципите на Рамковниот договор.

Поделени мислења на експертската јавност за Предлог-законот за соодветна застапеност на заедниците. По девет месеци изнаоѓање решенија од работната група, тие велат дека се обезбедува компетентност на сите етникуми. Изготвен е по меѓународни стандарди, а предлогот е потврден и од Венецијанската комисија.

Според нив, законското решение обезбедува доследна примена на меритократноста и заштитни механизми кои ќе овозможат еднаков пристап при вработување што ќе доведе до професионална и политички неутрална администрација. За дел од експертската јавност, постојат сериозни содржински недостатоци.

Законското решение не ги исполнува вредностите за кои се носи и не е во духот на Рамковниот договор.

ДУИ нема право да го блокира носењето на законот, бидејќи изминативе 25 години овозможија преку балансерот вештачки да се билда процентот на застапеност, а всушност со само една изјава на нотар се потврдуваше и менуваше националноста, став на ВРЕДИ. Опозицијата најавува амандмани за дополнување на правните празнини. Законот е половичен и регресивен, Битиќи го изнесе својот личен став.

Законот во Собранието ќе се носи во редовна постапка, со просто мнозинство и т.н. мал Бадентер.

Марина Стојанова-Тонева