Ин Мемориам
Почина Зорица Паункова, оператор во пензија од секторот Техника во МРТ
15.06.2026 19:29
Целиот работен век го помина во јавниот сервис и учествуваше во реализација на голем број директни преноси за сите програми...

На 74 годишна возраст почина Зорица Паункова, оператор во пензија од Секторот техника во Македонската радио-телевизија. Целиот работен век го помина во јавниот сервис и учествуваше во реализација на голем број директни преноси за сите програми.
Погребот ќе се изврши утре од 11 до 12 часот на гробиштата во Драчево.
