Блиски Исток

САД: Договорот со Иран може да се објави порано

16.06.2026 09:09

Вашингтон соопшти дека договорот со Иран е веќе потпишан и дека неговата содржина би можела да биде објавена и пред церемонијата во петок. Трамп дециден-Иран нема да развие нуклеарно оружје. Спроведувањето на договорот ќе се базира на верификација, а евентуалното укинување на санкциите ќе зависи од однесувањето на Техеран.

„Иран никогаш нема да развие или набави нуклеарно оружје. Договорот е изграден врз систем на верификација, каде придобивките за Техеран зависат од почитување на обврските. Тоа вклучува пристап до економски олеснувања, но само ако се исполнат условите“, изјави Џеј Д. Венс, потпретседател на САД.

Израел останува на ставот дека Иран нема да има нуклеарно оружје со или без договор, додека Техеран предупредува дека САД ќе сносат одговорност за евентуални прекршувања од сојузници во регионот.

„САД се обврзани да го почитуваат својот дел од меморандумот. Американската страна е одговорна за секое прекршување од страна на други актери или сојузници“, изјави Есмаил Багеи • портпарол на министерството за надворешни работи на Иран.

Се очекува војната во Иран да доминира во дискусиите на вториот ден од самитот на Г-7.