Зеленски на Самитот Г7 во Евиан
Францускиот претседател Макрон најави дека ќе се обиде да го убеди американскиот колега да ја засили поддршката за Киев и да го зголеми притисокот врз Русија...

Украинскиот претседател Зеленски пристигна во Евиан,во обид да ја врати Украина во глобалната дискусија, во услови на засилени руски напади. Францускиот претседател Макрон најави дека ќе се обиде да го убеди американскиот колега да ја засили поддршката за Киев и да го зголеми притисокот врз Русија. Трамп,пак, по договорот со Иран, најави нова мировна иницијатива и порача дека ќе се обиде да придонесе за мир меѓу Украина и Русија.
„Ќе разговараме за војната во Украина за да постигнеме цврст и одржлив мир“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
„На тоа поле можеби можеме нешто да направиме. Навистина го мислам тоа. Мислам дека и двајцата се отворени за таква можност“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
