Конго
Рекордно дневно зголемување на случаите на ебола
16.06.2026 16:13
Досега се потврдени 782 случаи на зараза и 181 смртен случај...

Властите во Конго регистрираа рекордно дневно зголемување на случаите на ебола-еден месец по почетокот на новиот бран на епидемијата. Досега се потврдени 782 случаи на зараза и 181 смртен случај.
„Ги преземаме мерките на претпазливост, внимаваме да се заштитиме, но и покрај тоа, гледаме дека ситуацијата се влошува. Амбулантни возила насекаде, луѓе што умираат секој ден, а тоа нè плаши“, изјхави Летисе Лиза, жител на Бунија.
Здравствените служби се под притисок поради ширењето на вирусот. Центрите се преполни, а многу пациенти доаѓаат доцна. Епидемијата тешко се контролира поради брзото ширење и лошиот пристап до погодените области.
