Унгарскиот парламент изгласа уставни измени, Орбан повеќе не може да биде премиер
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерите на најмногу осум години, што би можело да го спречи поранешниот премиер Виктор Орбан повторно да ја извршува функцијата...

Унгарскиот парламент усвои уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерите на најмногу осум години, што би можело да го спречи поранешниот премиер Виктор Орбан повторно да ја извршува функцијата.
Со измените се воведува и ограничување од два премиерски мандати, како и одредби за можни институционални и имотни реформи во државата.
Усвојувањето на амандманот е овозможено благодарение на двотретинското мнозинство со кое располага актуелниот премиер Петер Маѓар, што му овозможува спроведување на значајни уставни промени.
Дел од правните експерти и критичари предупредуваат дека ретроактивната примена на ограничувањето може да се соочи со сериозни правни предизвици, бидејќи се однесува на мандати остварени пред донесувањето на законот.
