Економија

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово

16.06.2026 09:16

Мултинационалната корпорација „Џаво Отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места.

Мултинационалната корпорација „Џаво Отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили.

Освен во Турција, компанијата е присутна и во Канада, Германија и Словачка.