Грчкиот јавен сектор повторно стапува во штрајк

23.09.2014 11:37

Јавниот сектор  на Грција стапува во 24 часовен штрајк поради намалувањето на работните места во државните институции. Поради штрајкот денеска државните болници ќе примаат само итни случаи.

Грчкиот суд го прогласи штрајкот за незаконски и штетен по што го повика Синдикатот на државни службеници да са воздржи од протести.

До крајот на годината Владата во Атина треба да отпушти 6.500 државни службеници.

Според договорот со тројката од први ноември треба да почне приспособувањето кон новите организациони шеми во Грција за да се намали јавната потрошувачка.