Дипломатија

Муцунски во Лондон на средба со британската шефица на дипломатијата

16.06.2026 10:04

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Лондон, каде ќе се сретне со британската министерка за надворешни работи Ивет Купер и ќе присуствува на отворањето на вински саем посветен на земјите од Централна и Источна Европа.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска е во работна посета на Лондон, каде во британскиот Форин офис ќе оствари средба со шефицата на британската дипломатија Ивет Купер.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе присуствува и на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, при што ќе го посети и македонскиот павилјон.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека активностите се насочени кон унапредување на економската соработка и промоција на македонскиот извоз.

По посетата на Обединетото Кралство, Муцунски ќе отпатува во Даблин на средба со ирската министерка за надворешни работи и одбрана Хелен Мекенти.