мвр
Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
16.06.2026 19:15
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и дигитална вага...

На 15.06.2026, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ј.(44) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
