Регион
Грција најави отворање на дополнителни пунктови на граничните премини за намалување на метежот
16.06.2026 14:24
Грчките власти воведуваат итни мерки за намалување на гужвите на граничниот премин Евзони во пресрет на летната сезона...

Грчките власти воведуваат итни мерки за намалување на гужвите на граничниот премин Евзони во пресрет на летната сезона.
За побрз проток на патници, ќе бидат поставени дополнителни контролни пунктови со што ќе се зголеми капацитетот за проверки.
Воедно, се разгледува и привремено ограничување на биометриската регистрација во периоди на зголемен сообраќај.
Од Атина велат дека целта е да се намали времето на чекање и да се олесни преминувањето на границата.
