СЗО: Повеќе од 20.000 луѓе ќе се заразат со Ебола ако не се преземат порадикални мерки
Доколку многу брзо не ја запреме епидемијата, тоа веќе нема да биде несреќа, туку катастрофа, изјави на прес-конференција во Женева д-р Кристофер Дај, директор за стратешки прашања во СЗО...

Повеќе од 20.000 луѓе ќе бидат заразаени од вирусот ебола доколку итно не се преземат порадикални мерки во Африка. Ако навреме не се реагира ќе има илјадници, а не стотици мртви, предупреди СЗО.
Доколку многу брзо не ја запреме епидемијата, тоа веќе нема да биде несреќа, туку катастрофа, изјави на прес-конференција во Женева д-р Кристофер Дај, директор за стратешки прашања во СЗО.
Тој нагласи дека актуелната епидемија, најтешката во историјата на оваа хеморагична треска, регистрирана во 1976 година, е слична на други епидемии, кои погодиле други африкански земји изминатите години, како Демократска Република Конго и Судан.
Епидемијата и натаму се шири. Досега повеќе од 2.800 луѓе починаа од оваа болест. Најзагрозени се Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.
