Уписи во средните училишта

Голем интерес за средно стручно образование

16.06.2026 20:37

Насоката медицинска сестра повторно е меѓу најбараните кај идните средношколци. Голем интерес има и за струките поврзани со дуалното образование и дефицитарните занимања. Вториот уписен рок започнува на 23-ти јуни.

Повторно голем интерес за насоката медицинска сестра. Пополнети сите педесет места уште во првиот уписен рок. За дел ученици дамнешна желба, а за некои „џокер“ в џеб за поплочување на патот преку граница. Директорот на средно медицинско задоволен од побарувањата на насоките во училиштето уште во првиот уписен рок.

Бројките покажуваат голем интерес и за паралелките кои остручуваат дефицитарни кадри преку дуално образование како и оние барани на пазарот на труд.

Интересот продолжува и за хотелско-угостителската насока. Од страна на учениците, но и од бизнис секторот, барани се и профилите како гипсари, плочкари, водоинстралателри, готвачи и фризери, но засега вакви насоки не се нудат во Битола.

Вториот уписен рок со елетронско пријавување почнува на 23-ти јуни.

Ружица Аџикотарева- Ѓоршевска