Институциите со заедничка декларација за превенција на насилството кај младите
Потпишана декларација за заедничка борба против насилството кај младите. Надлежните порачаа, нема да биде само за формален документ, ќе има конкретна одговорност. Институциите мора заеднички и координирано да дејствуваат во справувањето со овој општествен проблем.

Физички пресметки во училишни дворови, навреди и закани на социјалните мрежи, снимки од врсничко насилство што за неколку минути се шират низ интернет. Дали институциите реагираат навреме или дури кога последиците веќе се направени? Потпишана декларација за заедничка борба против насилството кај младите.
Надлежните порачаа, нема да биде само за формален документ, ќе има конкретна одговорност. Институциите мора заеднички и координирано да дејствуваат во справувањето со овој општествен проблем.
Насилството не почнува во училиштето, одговорност има и семејството - вели министерката Јаневска
Полицијата ги интензивира активностите на терен.
Алармот е вклучен. Реакцијата не смее да дојде дури кога последиците ќе станат видливи.
Насилството меѓу младите е сè поголем проблем. Последните случувања на насилство ја вознемирија јавноста, но и ја покренаа свеста кај институциите дека не треба да се реагира од кога ќе се случи некој проблем, туку треба да се превенира навремено.
Ана Јосифоска
