Јавна расправа во Собранието

Низа забелешки за предлог-законите за судска и јавнообвинителска служба

16.06.2026 17:16

Во собраниската Комисија за политички систем јавна расправа по предлог-законите за судска и јавнообвинителска служба. Синдикатот на службеници со забелешки, пред сè за тоа нивниот статут да се дефинира со Законот за јавна администрација. Од Правда велат дека решенијата се изготвени за нема судир меѓу законите кои треба да стапа на сила на почетокот на идната година. Сугестиите ќе ги имаат превид.

Предлог-законот за судска служба и предлог-законот за јавнообвинителска служба беа предмет на речиси тричасовна јавна расправа во македонското Собрание. Согласно Предлог-законот за судска служба, на вработените во судската служба им се утврдува посебен статус на посебни државни службеници, а на вработените во јавнообвинителската служба им се утврдува исто така посебен статус на посебни државни службеници.

Дел од синдикатите со бројни и сериозни забелешки. Велат, вработените во овие служби работат со многу специфични предмети, па клучните прашања за нив не смее да се регулираат како кај државната администрација.

Друг дел, пак, сметаат дека предлог-законското решение е коректно и добро уредено, истакнувајќи само мал број на забелешки.

Синдикатите со забелешки и за тоа што верзијата на предлог-законот направена со работната група, се разликуваа од оваа, која е пуштена во собраниска процедура. Од Министерството за правда велат, одредбите избришани од оваа врзија на предлог-законот, веќе се регулирани со други закони.

Предлогот е целосно усогласена со министерствата за финансии и јавна администрација и секретаријатот за законодавство, земајќи ги предвид и нивните забелешки, со цел создавање на квалитетни и одржливи законски решенија.

Марија Котовска