Сиљановска Давкова: Напад врз возило е вандализам
„Изолиран инцидент кој нема да ги наруши односите со Софија “ – претседателката Сиљановска Давкова за опожарувањето на дипломатските возила на Бугарската амбасада. Министерот за внатрешни работи Тошковски изјави дека нема толеранција за какво било насилство. Скопјанецот што ги запали автомобилите е уапсен и го признал делото...

Инцидентот со опожарувањето на дипломатски возила нема да ги наруши односите со Бугарија, оценува шефицата на државата Сиљановска-Давкова. Смета дека институциите брзо интервенирале и го откриле сторителот.
Осуда и порака дека нема да дозволиме ниту ќе толерираме какво било насилство од министерот за внатрешни Тошковски. Напаѓачот 44 годишен скопјанец е приведен и го признал делото. Инцидентот го осудија и Владата и Министерството за надворешни работи. Велат дека нема да дозволат поединечни инциденти да го нарушуваат угледот на Македонија.Испратија јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде санкциониран со максимална мера.
Синоќа напаѓачот со бензин запалиле едно дипломатско возило пред Бугарската амбасада во Скопје, по што пожарот се проширил и на друго возило во близината, а потоа избегал од местото на настанот. Поголема штета била спречена со брза интервенција на вработените во амбасадата и скопските пожарникари.
Ирина Гелевска
