ДЗР

Врховниот суд под товар на 28 судски спорови

16.06.2026 16:50

Станува збор за тужби поднесени од вработени по основ на права и надоместоци од работен однос во вкупна вредност од околу 70 илјади евра...

Неизвесните финансиски последици од 28 активни судски постапки против Врховниот суд претставуваат еден од главните ризици што ги нотира Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на највисоката судска инстанца во 2024 година. Станува збор за тужби поднесени од вработени по основ на права и надоместоци од работен однос во вкупна вредност од околу 70 илјади евра. Конечниот исход на постапките сè уште не е познат, поради што постои неизвесност за идните финансиски импликации врз буџетот на судот.

Извештајот укажува и на кадровски слабости. Судот е без администратор повеќе од една година. Освен тоа, сè уште не е воспоставен целосен систем за оценување на сите категории вработени. Генерално, финансиските извештаи вистинито и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата, а финансиските трансакции се спроведени во согласност со важечката законска регулатива.

Најава јане