Решенија за отпис на долговите до крајот на октомври
Досега се доставени 31 илјади барања, со што ќе се достигне очекуваната бројка од над 50 илјади, велат од Министерството за финансии...

Лицата кои аплицираат за отпис на долгови, решенијата треба да ги очекуваат на домашна адреса до крајот на октомври. Досега се доставени 31 илјади барања, со што ќе се достигне очекуваната бројка од над 50 илјади, велат од Министерството за финансии.
Отписот на долговите е одговор на барањата на граѓаните од најранливите категории, како корисниците на социјална помош, невработените и лицата кои поради смрт или болест на член од семејството дошле во ситуација да не можат редовно да ги плаќаат обврските.
Ќе се отпишуваат долгови за струја, парно, радиодифузна такса, за кредити и минуси на тековни сметки, како и за трошоци за нотари и извршители во случаите кога постапката за присилна наплата е започната.
Долговите треба да се направени до 31 декември минатата година.
