Влада

Ребалансот на Буџетот наскоро пред пратениците

17.06.2026 09:01

Министерството за финансии веќе ги започна консултациите и состаноците за негова изработка...

Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот оваа недела да биде усвоен на седница на Владата, по што ќе биде доставен во собранието на понатамошно разгледување. Министерството за финансии веќе ги започна консултациите и состаноците за негова изработка.

Министерката за финансии претходно соопшти дека ребалансот ќе биде подготвен согласно средно-рочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата, меѓу кои се стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобрување на животниот стандард на граѓаните.