ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години од формирањето
На стадионот „Младост“ се очекува да се обрати лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски кој во објава на социјалните мрежи напиша дека во изминатите 36 години имало и тешки моменти и големи искушенија, но дека денес се зборува за развој.

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“ вечерва владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ќе го одбележи 36-тиот роденден. На стадионот „Младост“ се очекува да се обрати лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски кој во објава на социјалните мрежи напиша дека во изминатите 36 години имало и тешки моменти и големи искушенија, но дека денес се зборува за развој.
Посочи дека имало периоди кога требало да се брани државата, да се зачуваат националните интереси и да се покаже карактер и истрајност, за денес да се зборува за економски раст, за нови инвестиции, за подобри плати, за институции кои работат во служба на граѓаните, напиша Мицкоски.
