УКРАИНА

Наспроти дипломатските напори, војната во Украина продолжува

17.06.2026 12:12

Украинските власти соопштија дека Русија лансирала повеќе од 130 дронови, додека Москва тврди дека собориле десетици украински беспилотни летала над руска територија...

Кремљ очекува американска делегација да отпатува во Москва за да разговара за Украина по потпишувањето на меморандумот меѓу САД и Иран. Украинските власти соопштија дека Русија лансирала повеќе од 130 дронови, додека Москва тврди дека собориле десетици украински беспилотни летала над руска територија.

И додека поддршката за Киев се дискутира на самитот на Г7 во Франција, од кинеското МНР ги отфрлија обвинувањата на Европската Унија дека нивната војска обучува руски војници за борба во Украина.