Европскиот парламент денеска гласа за извештајот за Македонија
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур ќе гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на европскиот пат, на европратеникот Томас Вајц.

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур ќе гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц.
Неколку дена откако амандманите на текстовите беа усвоени од страна на комитетот, известувачот Томас Вајц поднесе официјален предлог за нов амандман.
Со него, тој инсистира на целосно бришење на текстот на идната резолуција. За ова, Бугарија со став – ако амандманот биде усвоен, текстот нема конкретно да го спомене вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија.
