Култура

Изложбата „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ гостува во Белград

17.06.2026 20:30

По претставувањето во Скопје, изложбата „Експериментален цртеж“ на тема „Невидливи траги“ ќе биде отворена и во Белград. Во македонскиот Културно-информативен центар ќе бидат изложени дела од 42 македонски уметници, членови на ДЛУМ.

Изложбата „Експериментален цртеж“ на тема „Невидливи траги“, во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), по успешното претставување во Музејот на Град Скопје, ќе гостува и во Белград.

Поставката ќе биде отворена на 18 јуни во 20 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, каде ќе бидат изложени дела од 42 македонски ликовни уметници, членови на ДЛУМ.

На отворањето ќе се обратат претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева Чупоска, претседателката на Уметничкиот совет на Друштвото, проф. д-р Маја Рауник Кирков, како и директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.

Гостувањето на изложбата е поддржано од Министерството за култура и туризам и од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„Експериментален цртеж“ е традиционална годишна изложба на ДЛУМ, на која авторите конкурираат преку онлајн апликација, а изборот на делата го врши Уметничкиот совет на Друштвото.