СП 2026

Меси блесна со хет-трик

17.06.2026 10:43

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси го отвори Светското првенство од соништата, постигнувајќи хет-трик во победата на Аргентина од 3:0 над Алжир. Со трите погодоци, капитенот на „гаучосите“ стигна до бројката од 16 голови на мундијалите и се израмни со Мирослав Клосе на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на светските првенства.

Лионел Меси уште еднаш покажа зошто важи за еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Аргентинецот постигна хет-трик во убедливата победа на Аргентина од 3:0 против Алжир на стартот од Светското првенство.

Со трите гола, Меси стигна до вкупно 16 погодоци на мундијалите и се израмни со германската легенда Мирослав Клосе на врвот на листата на најдобрите стрелци во историјата на светските првенства.

По натпреварот, аргентинскиот капитен откри дека првиот погодок кај него предизвикал силни емоции, поради тешкиот период низ кој минувал надвор од терените.

„Имав неколку тешки денови. Тоа не беше поврзано со фудбалот. Им благодарам на соиграчите, стручниот штаб и целата делегација што ми помогнаа“, изјави Меси.

Тој додаде дека и понатаму го мотивира истата желба за победи, споредувајќи се со шпанската тениска легенда Рафаел Надал, во кого препознава сличен натпреварувачки дух и посветеност.

Ова воедно е и првиот хет-трик на Меси на светските првенства, со што Аргентина испрати силна порака уште на самиот почеток на шампионатот.