Лидерите на Г7 најавуваат нови чекори за јакнење на одбранбените капацитети на Киев
Нов сигнал за засилена западна поддршка за Украина. Лидерите на Г7 најавуваат нови чекори за јакнење на одбранбените капацитети на Киев и дополнителен притисок врз Москва. Додека на дипломатски план се најавуваат нови контакти, на теренот продолжуваат жестоките напади и страдањата на цивилното население...

„Украина сега се спротивставува храбро и многу подобро од очекуваното. Ова доаѓа по нападите врз цивилното население и, во последните денови, врз местата за богослужба. Затоа одлучивме на ниво на Г7 да ја зајакнеме поддршката за Украина. Прво, за да може да се одбрани од ракетни напади и напади со беспилотни летала. Второ, за да може да има капацитети да напаѓа во длабочина и со тоа да се брани. Исто така, на Г7 одлучивме да го зголемиме притисокот врз Русија, особено со нафтените и гасните ресурси што Русија ги користи за финансирање на своите воени напори“, Марк Карни, премиер на Канада.
„Во разговорот со Трамп се осврнав на дискусиите што ги имавме за Украина, очекување каде ќе оди оваа војна, и ставот против Русија, заострувањето на санкциите против Русија, како и подготвеноста да се обезбеди дополнителна одбранбена поддршка за Украина, што беше дискутирано детално. Канада ќе направи сè што можеме за да дадеме поддршка“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
И додека се чека на исход од дипломатските напори, војната на фронтот продолжува. Жртви и повредени во текот на ноќта во руски напади врз источна Украина. Оштетени биле и станбени згради, куќи, образовна институција и моторни возила.
„Пристигнавме и најдовме скршени прозорци, а рамката на вратата беше искривена. За среќа, сè друго преживеа но, сепак има штета во оваа зграда“, изјави Артур Никитенко, жител на Запорожје.
„Имаше пожар, сè гореше. Стаклото леташе надвор, покривот се уриваше, а прашина имаше насекаде. Истрчавме надвор. Прозорците се скршени, а покривот е оштетен“, изјави Лидија Ковалчук, жителка на Запорожје.
Од Кремљ пак, очекуваат американска делегација да отпатува во Москва на разговори, по потпишувањето на меморандумот меѓу САД и Иран.
Катерина Бојаџиева
