МВР
11 лица приведени во Скопје, кај нив пронајдена дрога
17.06.2026 16:04
Единаесет лица се лишени од слобода на повеќе локации во Скопје, откако полицијата кај нив пронашла и одзела различни видови дрога. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 16 и 17 јуни, полициски службеници од СВР Скопје привеле 11 лица на различни локации во главниот град поради поседување наркотични средства.
Како што информира МВР, кај приведените биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. Меѓу приведените има лица од Скопје, Сопиште, Катланово и тетовско Челопек.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека по целосното документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
