платформа

Речиси половина од ветувањата на Владата за две години имаат напредок, покажуваат истражувањата на невладините

17.06.2026 17:18

Речиси половина од ветувањата на Владата за две години имаат напредок, но само едно од пет е целосно реализирано – покажуваат истражувањата на невладините. Сепак постојат драстични разлики меѓу секторите. Кои најдобро напредувале, кои имаат застој во ветеното наспроти реализираното според анализата?

По половина минат мандат, реализацијата на владините ветувања со мешани резултати, речиси половина имаат одреден напредок но само едно од 5 ветувања е реализирано. Најдобри резултати има во реализацијата на проектите во образованието, најслаби кај родовата еднаквост. Анализата покажала дека им намалување на невработеноста, но ризик се јавниот долг и буџетскиот дефицит.

Според платформата, ветувањата што директно влијаат врз животниот стандард, како изградбата на домови за стари лица, капиталните инвестиции и проширувањето на капацитетите за грижа, имаат висока поддршка кај граѓаните, но пониска реализација од зацртаното. Со различна брзина се движат и реформите во здравството. Во образованието има одредени решенија за повеќегодишните проблеми.

Целата на овие истражувања е граѓаните да имаат црно на бело што е реализирано а што останало само на хартија.

Политичките програми лесно се пишуваат но нивната реализација на терен останува главниот предизвик. Платформата Компас мапира 142 ветувања од програмата на Владата.

 

Ана Јосифоска